Тренерот на Порто влегува во трка за клупата на Наполи

Тренерот на Порто, Серхио Консеисао е еден од кандидатите за наследник на Лучијано Спилато во Наполи. Според „Скај Италија“, шампионот на Серија „А“ веќе му подготвува плата од 6 милиони евра по сезона.

Спалети нема да биде тренер на италијанскиот првак следната сезона, а во последните денови се појави и името на Луис Енрике. Сепак, наводно Аурелио Де Лаурентис не бил задоволен од неговиот однос, и дека желбата била да преземе клуб од Премиерлигата (најверојатно Тотенхем).

Консеисао одеднаш исплива како фаворит на клупата, иако во опција е и Виченцо Италијано од Фиорентина, а еден од можните кандидати е и Тијаго Мота од Болоња.

Се вчитува...