Рајо Валекано предводен од македонскиот чувар на мрежата Столе Димитиревски кој имаше фантастичен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ по кој беше прогласен и за МВП, испиша историја одземајќи ги првите бодови на Реал Мадрид во неговиот дом по 2000 година.
Рајо стави крај на црната низа од 12 порази на гостински терен со гол разлика 10-24, а тренерот Франциско Родригез верува дека значење за успехот имала и замента на Лука Модриќ. Хрватот играше до 69. минута, а потоа на негово место влезе Родриго.
„Го подготвувавме овој натпревар така што ги детектиравме просторите кои ќе ги нападнат Винисиус и Белингам и ги контролиравме тие коридори. Меѓутоа, Лука Модриќ најде алтернативни правци за напад на нашиот гол и така не пробија. За среќа беше заменет и по тоа игравме подобро“, изјави Франциско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА