Шалке 04 минува низ една од најслабите сезони во својата историја. По синоќешното реми (1-1) со Штутгарт, тимот од Гелзенкирхен веќе 22 натпревари е без победа во Бундеслигата, шест во оваа и дури 16 од претходната сезона.
Иако е се уште далеку од Тасманија 1900 од Берлин која во сезоната 1965/66 во Бундеслигата имаше 31 натпревар без победа, Шалке 04 е на добар пат да го стигне и тој рекорд запишан во најсилната германска лига.
Во центарот на вниманието по синоќешното реми со Шутгарт се најде тренерот на Шалке, Мануел Баум кој на необичен начин ја објасни состојбата во тимот.
„Екипата е како шише кечап кое штотуку сте го отвориле. Се обидувате да го истиснете кечапот, но ништо не се случува иако е полно шишето. Па, потоа планот е да го удрете шишето силно на дното за да излезе кечапот. Ние сме се уште во фаза на тој удар. Но, верувајте, кога кечапот еднаш ќе излезе, ќе биде навистина забавно“ – рече Баум не прес-конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА