Тренерот на Столе Димитриевски бесен: Не сакам да ме тестираат на секои четири дена!

Ла Лига крои планови за рестарт на шампионатот, а се прават подготовки и за Секунда Дивизион. Тренерот на Столе Димитриевски во Рајо Валјекано, Пако Хемез, е бесен поради строгиот протокол кој ќе мора да го минуваат сите актери доколку првенството биде продолжено.

„Никој не може да гарантира дека ќе има „нула ризик“. Еден заболен потоа би можел да го пренесе вирусот на 14 други фудбалери. Не сакам да ме тестираат на секои четири дена само за да продолжи првенството. Не мораме да бидеме толку сензитивни, сите што се здрави не мора да бидат психолошки тероризирани со постојани проверки. Точно е дека мора секој да знае дека е здрав, но да не се оди во крајности со тестирањата“, изјави Пако Хемез.

Ла Лига и Секунда Дивизион планираат масовни тестирања на сите актери пред да продолжат шампионатите. Веројатниот термин за враќање на шпанскиот фудбал во акција е 12 јуни.

 

Се вчитува...