Тренерот на ТФТ казнет со 41.600 денари од КФСМ

Тренерот на ТФТ, Борко Смилковски, ќе ја наполни касата на КФСМ откако овој стратег беше казнет со вкупно 41.600 денари за навредите упатени кон судиите за време на мечот од последното коло против Академија ФМП.

Неговиот тим славеше со резултат 91-77, но Смилковски беше бесен на арбитражата, поради што според делегатскиот записник добил две технички грешки, по што продолжил со навреди кон судиите, од кои дополнително бил пријавен.

Според новиот Билтен објавен од куќата на кошарката, тренерот на ТФТ ќе плати 3.200 денари за првата техничка грешка, двојно повеќе за втората, но и дополнителни 32.000 денари по пријавата од арбитрите.

„Тренерот на КК ТФТ Mozzart Смилковски Б. за досудена Т.Г. по член 56.2 се казнува со парична казна во износ од 3.200,00 денари
Тренерот на КК ТФТ Mozzart Смилковски Б. за досудена Т.Г. (2) по член 56.2 се казнува со парична казна во износ од 6.400,00 денари
Тренерот на КК ТФТ Mozzart Смилковски Б. за пријава од сл.лица по член 56.5 се казнува со парична казна во износ од 32.000,00 денари“, е наведено во најновиот билтен.

Покрај тоа, ТФТ ќе плати уште 8.000 денари казна за неспортско однесување, но и по 6.400 денари за техничките грешки што ги заработија Андерсон и Мекбраер на истиот натпревар.

Се вчитува...