Тренерот на Трабзон: Му верувам на Барди, се надевам ќе продолжи со голови и асистенции

Тренерот на Трабзонспор, Ненад Бјелица на денешната прес-конференција пред продолжување на првенството во Турција, го спомена и макеоднскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди беше клучен играч на Македонија во големиот бод против Италија откако постигна гол од слободен удар, а потоа против Малта запиша две асистенции во победата од 0-2 и три бода кои ја оставија Македонија во игра за пласман на ЕП.

„Се надеваме дека тој ќе продолжи со давање голови и асистенции. Играчот е среќен, јас му верувам, и тој се обидува да врати со добри партии. Само така нека продолжи“, рече Бјелица.

Се вчитува...