Тренерска смена во Баерн? Румениге го сака тренерот на Ајакс, Хенес го поддржува Нико Ковач

Германскиот првак Баерн Минхен има сериозни несогласувања во раководството околу останувањето на Нико Ковач на тренерската позиција. Двајцата водечки оперативци, Ули Хенес и Карл – Хајнц Румениге имаат различни гледишта по ова прашање. Румениге е импресиониран од тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, кој има фантастична сезона со холандскиот клуб и во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Сака да го доведе на „Алијанц арена“.

Ули Хенес, пак, го поддржува Нико Ковач, актуелниот стратег на Баерн Минхен. Тимот има два бода предност пред Борусија Дортмунд во трката за шампионската титула и ќе игра во финалето на Купот на Германија против Лајпциг. Баерн Минхен единствено „киксна“ со раната елиминација од Лигата на шампионите.

„Не знам зошто луѓето и понатаму се сомневаат во Нико Ковач. Тој направи одличен успех оваа сезона. На врвот сме од Бундес-лигата, се е во наши раце и горд сум како го води тимот“, изјави Ули Хенес.

Но, Карл – Хајнц Римениге притиска за ангажман на Ерик Тен Хаг.

Се вчитува...