Поранешниот хрватски ракометар Горан Шпрем смета дека легендарниот Веселин Вујовиќ не е добро решение за селекторската позиција на „коцкестите“. Тој нема убаво мислење за тренерските квалитети на поранешниот предводник на Вардар.
„Вујовиќ беше најдобар ракометар во светот и за тоа капа до под. Меѓутоа, не сакам многу да зборувам за неговите тренерски квалитети. Мое мислење е да е тој маргинален лик во хрватскиот ракомет, иако имаше разни улоги кај нас. Не ги заслужи сите тие шанси кои ги доби и мислам дека неговите тренерски квалитети се еднакви на нула“, изјави Шпрем.
Тој од хрватските тренери на прво место го стави Лино Червар, додека тука е и тренерот на Пелистер, Жељко Бабиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА