Треневски: Динамо Минск беше подобар, ги искористи своите шанси

Работнички доживеа елиминација од Динамо Минск во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Тимот од Дебар Маало загуби во Белорусија со убедливи 3-0, откако првиот меч во Скопје заврши 1-1. Тренерот Виктор Треневски призна дека Динамо Минск беше подобар тим во овој двомеч и дека заслужено оди во следната рунда.

„Уште пред двомечот напоменав дека Динамо Минск е поквалитетен тим и ја има фаворитската улога. Ние се обидовме да се спротивставиме, но денеска не ги искористивме своите шанси. Можевме први да поведеме, но не успеавме, а потоа Динамо Минск постигна гол, кој го одведе мечот во друга насока. На крајот, славеа убедливо, со 3-0, и секако дека заслужено одат во следното коло од ова натпреварување“, изјави Виктор Треневски, шефот на стручниот штаб на Работнички по елиминацијата во Белорусија.

Се вчитува...