Треневски: Игравме со срце, имаме активен резултат

Работнички не успеа да ја наметне посакуваната игра, но сепак успеа да остане непоразен на дуелот со Динамо Минск. Тренерот Виктор Треневски посочи дека отсуството на Шиков оставило голема трага во одбраната, но сепак е задоволен од карактерот на својот тим и постигнатиот гол со играч помалку во судиското продолжение.

Мора да бидеме задоволни од крајниот исход бидејќи сепак имаме активен резултат пред реваншот во Белорусија. Ванче Шиков многу ни недостигаше, тоа е јасно. Игравме со срце и успеавме да ја надоместиме негативата од стартот на вториот дел. Одиме во Минск да се обидеме да се пласираме во следното коло“ – изјави Треневски на прес-конференцијата по натпреварот.

За разлика од македонскиот тренер, гостинскиот стратег Сергеј Гуренко не го криеше разочарувањето по примениот гол во самата завршница.

Не сум многу задоволрн од крајниот резултат. Во првото полувреме мечот беше израмнет, но ние имавме изгледни шанси. Први поведовме, но на крајот дозволивме израмнување. За вториот меч во Минск шансите се 50-50“ – истакна Гуренко.

Се вчитува...