Треневски: Мора да останеме фокусирани и во реваншот со Тре Пене

Работнички со победа (0-1) го отвори европскиот поход во новата сезона од Лигата на Европа, славејќи на гости против Тре Пене. Деан Митрев беше стрелец на погодокот за „романтичарите“ во 90.минута, крунисувајќи ја подобрата игра на македонскиот претставник на овој меч. Но, тренерот Виктор Треневски и понатаму не го потценува ривалот, напоменувајќи дека неговиот тим мора да остане фокусиран максимално и на реваншот во Скопје на 6 јули.

„Одигравме еден квалитетен натпревар против ривал кој знаеше умешно да се брани. На крајот стигнавме до предност, но има уште 90 минути за играње и ние мораме да останеме фокусирани за реваншот во Скопје“, изјави Виктор Треневски по триумфот во Сан Марино.

Работнички возвратниот натпревар ќе го игра како домаќин во Скопје, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.

Се вчитува...