Трент Батрик е МВП на 10 коло во АБА2 (ФОТО)

Македонскиот претставник во АБА2 првенството, ТФТ успеа да го заврши „балонот“ во Бања Лука со победа од 74-70 против Осијек, а најзаслужен за тоа беше Трент Батрик кој одигра одличен натпревар па го доби признанието и за најкорисен играч на 10. коло.

Американецот ги предводеше „црно-белите“ со „дабл-дабл“ учинок од 24 поени и 14 скока при реализација 5/5 зад линијата 6,75, а згора на тоа забележа и 3 украдени топки за индекс на корисност од 37.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NLB ABA League 2 (@aba.liga2)

Се вчитува...