Аукцинерската куќа „Хант аукшнс“ објави дека дресот кој за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, го носеше во вториот натпревар од големото НБА-финале против Јута џез во 1998 година е продаден за 14 милиони долари.
Со ова, дресот на Џордан стана најскап продаден кошаркарски дрес, но далеку од рекордот кој го држи легендарниот бејзбол играч Бејб Рут. Дресот кој Рут го носеше во 1932 година, пред две години е продаден за неверојатни 24.1 милиони долари.
Интересно е што ова е трет дрес на Џордан кој се продава за повеќе од 10 милиони долари кој легендарниот кошаркар го носел за време на финалната серија против Јута џез во 1998 година.
Дресот од првиот натпревар од ова финале, во 2022 година беше продаден за 10.1 милиони долари, додека оваа година за 12.3 милиони долари е продаден дресот кој Џордан го носеше во третиот натпревар од финалната серија.
Michael Jordan jersey sets $14 million record for basketball memorabilia, auction house says
Read: https://t.co/VaiIZuZqDV https://t.co/vlQq20BPWc— WBTV News (@WBTV_News) October 12, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
