Трета генерација Малдини во Милан: Дебитираше Даниел, синот на Паоло Малдини

Чезаре Малдини, Паоло Малдини…Сега и Даниел Малдини. Третата генерација од познатото семејство „росонери“ дебитираше за клубот од „Сан Сиро“. Неговиот татко и дедо се легенди на клубот, а тој стана првиот фудбалер роден во новиот милениум што има настап за сениорскиот состав на „миланезите“. Даниел дебитираше 3.899 дена откако се пензионира неговиот татко Паоло кој сега е во раководните структури на клубот.

„Момчето има талент и ќе ја добие својата шанса. Некогаш само чистиот талент не е доволен, но се надевам дека ќе се изгради во квалитетен фудбалер“, изјави тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

Даниел Малдини игра во нападот и доби шанса за настап во судиското продолжение од денешниот дуел против Верона. Милан не успеа да слави, одигра 1-1, но ќе остане запишано дека третата генерација од семејството Малдини оствари настап за клубот.

Се вчитува...