Трета лига: Спарта и Младинец ја продолжија перфекцијата со „стотки“, славеше и Мега Баскет

Изминатиот викенд на кошаркарските терени во Македонија беа одиграни и натпреварите од Третата лига каде по четири одиграни кола со сто отстотен учинок во групата „А“ останаа Спарта и Младинец, како и Мега Баскет во групата „Б“ каде беше комплетирано петото коло.

До четвртата победа во лигата Спарта стигна откако на гостувањето против Спорт Тим славеше со 91-102, додека Младенец го доби гостувањето против Баскет Дино со 98-100. Во останатиот натпревар од оваа група Крива Паланка славеше со 91-71 над Вардар, а Ролинг беше слободен.

Во групата „Б“ со перфектен учинок останува тимот на Мега Баскет кој славеше на гостувањето во главниот град против ИБА Баскет со 73-86. Во останатите натпревари МКК Куманово славеше со 77-71 над Пробаскет, додека Дибра Иглс го добија гостувањето кај Албес со 69-72. Слободни беа екипите на Тетова Булс и Работнички 2018.

Се вчитува...