Трета лига: Убедливи победи на Работнички, Пробаскет и МКК Куманово на почетокот на сезоната

Изминатиот викенд на кошаркарските терени ширум Македонија започнаа и дуелите во Третата лига која се враќа на сцената по неколку сезони. Сега стартуваа само натпреварите од групата „Б“, а следното коло започнуваат и оние од групата „А“.

Во првото коло беа одиграни четири натпревари по кои Работнички, Пробаскет и МКК Куманово забележаа убедливи победи. „Црвено-белите“ славеа со 69-94 на гостувањето кај ИБА Баскет, кавадарчани го добија дуелот против Риниа со 88-53, а кумановци славеа со 91-55 над Албес.

Најнеизвесниот натпревар беше одигран во Тетово каде Дибра Иглс славеше на гостувањето против Тетова Булс со 68-73. Додека слободен за првото коло беше тимот на Мега Баскет.

Се вчитува...