Трето реми на Интер во низа: Калјари си замина непоразен од „Џузепе Меаца“

Интер влезе во резултатска криза откако ремизираше и на трет меч во низа во Серија А. „Нероаѕурите“ не успеја да го совладаа Калјари на домашен терен играјќи 1-1. Тимот на Антонио Конте сега има три бода негатива во однос на лидерот Јувентус, а „старата дама“ вечерва му гостува на Наполи.

Лаутаро Мартинез го доведе Интер во водство во 29.минута. Тој на одлично се снајде по центаршутот на Ешли јанг од десната страна и со удар со глава ја затресе мрежата на Калјари. Но, гостите не се предадоа. Раџа Наинголан во 78.минута успеа да израмни. Се одлучи на шут од далечина, топката удри во еден одбранбен фудбалер и го изненади Самир Хандановиќ.

Во завршницата Лаутаро Мартинез доби и црвен картон и најверојатно ќе го пропушти градското дерби со Милан.

Се вчитува...