Трето реми во низа за „милионерите“, и тоа против последнопласираниот Нирнберг

Лидерот Борусија Дортмунд влезе во резултатска криза и трет натпревар по ред не успеа да стигне до триумф во Бундес-лигата. „Милионерите“ одиграа реми без голови против последнопласираниот Нирнберг и сега имаат само три бода предност пред Баерн Минхен на врвот на табелата.

Марио Геце имаше одлични две шанси да донесе триумф за Борусија Дортмунд, но домашниот голман Кристијан Матенија беше поуспешен. Во финишот Пако Алкасер се закани, но не беше доволно прецизен за да донесе победа за гостите.

Нирнберг со овој освоен бод стигна до 13 и се надева дека сепак ќе обезбеди опстанок во елитното германско друштво.

Се вчитува...