Заминувањето на Лијам Росениор очигледно беше позитивна шок-терапија за Челси откако лондонските „сини“ попладнево славеа во дуелот со Лидс, обезбедувајќи пласман во големото финале на ФА Купот на Англија.
Челси се наоѓаше во огромна криза што резултираше со тренерска смена, а улогата на херој му припадна на капитенот Енцо Фернандез. Аргентинецот, кој пред две седмици беше суспендиран на два меча од Росениор поради изјави дадени за медиумите, блесна во сиот сјај и одигра одличен меч, воедно постигнувајќи го победничкиот погодок во првото полувреме.
Челси во големото финале ќе се сретне со Манчестер Сити, кој во првото полуфинале славеше со 2-1 над тимот на Саутемптон.
CHELSEA HAVE FINALLY SCORED AGAINST A TOP LEAGUE SIDE 🤯
They are flying over Leeds in the FA Cup semifinals 🔥 pic.twitter.com/L3ilNJZ6V0
— ESPN FC (@ESPNFC) April 26, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
