Три години без Коби Брајант – Светот се уште тагува по „Мамбата“ (ВИДЕО)

Три години како кошарката го загуби еден од најголемите на сите времиња. На 26. јануари 2020 година Коби Брајант заедно со неговата ќерка Џиџи го загубија животот откако загинаа во авионската несреќа во Калифорнија.

Три години подоцна светот се уште тагува по „Мамбата“ која иако многу остави имаше уште многу работи кои не ги доврши. Голем дел од младите таленти работеа со него и воопшто не беше себичен своето знаење да го пренесе на неговите наследници.

Коби Брајант пет пати стигаше до титулата во НБА лигата, два пати беше МВП на финалните серии, а еднаш на регуларниот дел од сезоната. Осумнаесет пати настапи на „Ол-стар“ натпреварот на кој четири пати беше МВП.

 

Се вчитува...