Три години и многу луксуз за Давид Силва во Лацио

Давид Силва се сели во Лацио во договор што треба да е во траење од три години. Шпанецот го напушта Манчестер Сити летово по десет години на „Итихад“. За Силва ова би било првпат да биде дел од Серија А. Претседателот на „лацијалите“, Клаудио Лотито, успеа да го обеди одличниот шпански играч за врска да дојде на „Олимпико“ со огромни бонуси во договорот, но и луксузни повластици, користење на приватен авион и автомобил со личен шофер за целиот престој во Рим.

34-годишниот фудбалер е убеден дека има уште пет години од кариерата на врвно ниво и ако не му прават проблеми повредите, Лацио ќе му даде долгорочна стабилност кој му е потребна по заминувањето од Сити.

Давид Силва веќе го одигра последниот премиерлигашки натпревар во кариерата за Манчестер Сити, а може да биде во тимот на Пеп Гвардиола во Лигата на шампионите. Англискиот вицепрвак в сабота во четвртфиналето ќе се соочи со францускиот Лион.

 

Се вчитува...