Три гола за Манасков во убедливиот триумф на Веспрем над Будакалаш

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Мансков заедно со својот Веспрем на убедлив начин ја стартуваше новата сезона во шампионатот на Унгарија откако во првото коло го декласираше Будакалаш со 35-24.

Гостите имаа сили само за едно полувреме во кое успеаја да имаат негатива од само четири гола (16-12). Во вториот дел проработи „машинеријата“ која на крајот на противникот му даде 35 гола. Манасков мечот го заврши со три гола.

Следен предизвик за избраниците на Давид Дејвис е фајнал-фор турнирот во СЕХА кој ќе се игра во Задар на почетокот на септември.

Се вчитува...