Три грабежи во клупските простории на КК Гостивар

Кошаркарската сезона е во прекин, тимовите воопшто не тренирааат, што било искористено од крадци во Гостивар, кои извршиле грабеж во клупските простории на кошаркарскиот клуб во овој град. При грабежот биле украдени дел од документацијата и од опремата, како и спортски реквизите.

Од КК Гостивар се пожалија дека не станува збор за прв ваков случај откако дојде до прекин на сезоната.

„Ова е трета провала во овие простории во изминатите 15 дена, при што двапати пријавуваме во полиција“, истакнуваат од раководството на гостиварци, барајќи крадците да бидат фатени.

Се вчитува...