Три меча суспензија за Арсен Венгер

Арсен Венгер станува се понервозен со секој загубен бод на својата екипа, но ФА не покажа толеранција за однесувањето на францускиот стратег и реши да го казни за критиките кон судиите по дуелот со ВБА.Французинот жестоко ги нападна арбитрите за престрого досудениот пенал за ВБА во самиот финиш, со што домаќините стигнаа до реми од 1-1, по што Фудбалската Асоцијација му изрече суспензија од три натпревари.

Откако беше покрената дисциплинска постапка против него Венгер реши да не поднесе жалба, со што автоматски се активира суспензијата, па тој наредните три средби на „топчиите“ наместо од клупата ќе мора да ги следи од трибините.

Станува збор за натпреварите со Нотингем форест во ФА Купот, полуфиналето од лига-купот против Челси, како и премиерлигашката пресметка со Бурнемаут.

Се вчитува...