Три месеци суспензија за Лионел Меси!

Дисциплинската постапка против Лионел Меси за жестоките критики упатени кон раководството на КОНМЕБОЛ за време на Копа Америка заврши со суспензија од три месеци за најдобриот аргентински фудбалер. Меси по добиениот црвен картон на „малото финале“ со Чиле изјави: „Аргентина не треба да биде дел од оваа корупција, Копа Америка е наместена за Бразил“, што сосема оправдано беше оценето како уривање на интегритетот на натпреварувањето и на Јужноамериканската Фудбалска Федерација.

Максималната казна за ваков престап изнесуваше две години, но реномето на Меси придонесе суспензијата да биде минимална. Казната стапува на сила веднаш, што значи дека Аргентинецот нема да може да игра за националниот тим само во септември и октомври, кога „гаучосите“ ќе играат пријателски натпревари со Чиле, Мексико и со Германија. Покрај суспензијата, Меси ќе плати парична казна од 50.000 долари.

Квалификациите за СП 2022 ќе стартуваат во март 2020, а Меси нема да настапи само на првиот меч од овој циклус, поради суспензијата за добиениот црвен картон на „малото финале“ со Чиле.

Се вчитува...