Три пенали и еден автогол: Валенсија му „удри“ четворка на Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид го доживеа и вториот пораз сезонава во Ла Лига, и тоа на повеќе од специфичен начин на гостувањето против Валенсија во 9. коло.

Домашните дојдоа до убедлива победа од 4-1 и тоа преку три пенали и еден автогол. Како никогаш досега беа досудени три пенали против „кралевите“ кои успешно ги реализираше Солер. А, Варан во 43. минута постигна и автогол за четири „парчиња“ во мрежата на Куртоа.

 

Единствениот гол за Реал Мадрид го постигна Бензема во 23. минута за отворање на резултатот. Но, се понатака беше во знакот на Валенсија.

Се вчитува...