Три ѕвезди на Барселона заминуваат во ист клуб

Навивачите на Барселона се се повеќе незадоволни од настапите на Жерард Пике и на Бускетс, а веруваат дека клубот мора да пронајде и млад напаѓач на местото на често повредениот Луис Суарез.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека токму оваа тројка ќе ја напушти Барселона на почетокот од следната година и ќе замина во ист клуб. Пике, Бускетс и Суарез сака да ги доведе легендарниот Дејвид Бекам во својот Интер Мајами.

Сите тројца веруваат дека американската МЛС лига е идеална за завршување на кариерата, посебно ако се знае и дека се во одлични односи со Бекам кој од основањето на клубот не успеа да донесе вистинска ѕвезда.

Се вчитува...