Тричко двоен стрелец за АЕК Ларнака

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски постигна два гола за АЕК Ларнака во дербито против АПОЕЛ (2-2). Интересно е дека Тричко во минатото настапуваше за АПОЕЛ и очигледно беше посебно мотивиран на овој меч.

Нашиот репрезентативец донесе водство од 0-2 за АЕК Ларнака, со головите во 64. и во 75.минута, но АПОЕЛ успеа да стиге до бод во финишот.

Безјак и Лукас погодија во 83. и во 85.минута, со што АПОЕЛ се спаси од пораз на домашен терен.

Се вчитува...