Македонскиот интернационалец Иван Тричковски има одлична сезона на Кипар. Тој продолжи со голгетерското шоу и на денешниот меч против Паралимни, во триумфот на АЕК Ларнака од 3-0. Тричко беше стрелец на третиот гол постигнат во самиот финиш од дуелот. Тој го прочита гостинскиот дефанзивец, ја украде топката, го мина и голманот и постигна рутински погодок. Даниел Мојсов не настапи на овој меч.
АЕК Ларнака по овој триумф се наоѓа на четвртата позиција на табелата во првенството на Кипар, со 39 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА