Тричковски: Ова е ’златна шанса’, треба да ја искористиме

Иван Тричковски со капитенската лента ја предводеше фудбалската репрезентација на Македонија на дуелот со Гибралтар, а нашиот национален тим оствари убедлив триумф (4-0) кој го донесе првото место во групата и пласман во плејофот од Лигата Д за Европско првенство во 2020 година. Искусниот напаѓач е задоволен од остварениот успех во овој групен сегмент и потенцира дека Македонија има историска шанса за настап на едно големо натпреварување.

„Го остваривме првиот чекор, тоа што го ветивме пред овие квалификации – го исполнивме. А сега имаме ’златна шанса’ што не треба да ја испуштиме. Но, има време до полуфиналниот меч од плејофот, сега треба сите малку и да уживаме во добро завршената работа. А, потоа…ќе биде…сега или никогаш. Ваква можност не се добива секој ден“, изјави Иван Тричковски.

Се вчитува...