Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, постигна еден од трите гола за својот тим АЕК Ларнака во триумфот над Отелос во кипарскиот шампионат.
Тричковски го постигна вториот гол, и во тие мигови донесе предност за својата екипа од 2-1.
За Тричковски ова беше втор постигнат погодок во овогодинешниот шампионат на Кипар. Тој ја носеше и капитенската лента на својот тим, а излезе во игра во 63. минута кога беше заменет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА