Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски ја продолжи голгетерската серија и во Купот на Кипар. Тој беше стрелец за АЕК Ларнака во реванш мечот од осминафиналето на Купот на Кипар. Неговиот тим славеше со 2-0, а Тричко ја затресе мрежата на противникот во 22.минута од средбата.
Вториот погодок за АЕК Ларнака беше дело на Рејес Акоран. Тимот на Иван Тричковски и на Даниел Мојсов го доби и првиот меч од осминафиналето со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА