Тричковски стрелец за АЕК Ларнака, Дамчевски дебитираше за Ермис

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го постигна својот прв погодок во дресот на кипарската АЕК Ларнака во новата сезона.

АЕК во второто свој натпревар во шампионатот убедливо славеше со 0-4 на гостувањето против Ермис, а Тричковски погоди во 33. минута за водство од 0-3 на тимот од Ларнака.

За АЕК целиот натпревар го одигра и дефанзивецот Даниел Мојсов, а на спротивната страна свое деби во новиот клуб Ермис имаше стоперот Александар Дамчевски, кој беше наш стандарден репрезентативец во времето на селекторување на Бошко Ѓуровски.

Се вчитува...