Тринкиери ќе слави на „балкански начин“: Ќе испијам базен со црно вино!

Кошаркарите на Баерн Минхен се едно од најдобрите изненадувања во Евролигата оваа сезона. Минхенскиот состав со вчерашната победа над Жалгирис (71-70) испиша историја во германската кошарка, станувајќи првиот тим од оваа држава кој успеал да се пласира во следниот ранг од елитното натпреварување.

Тренерот на баварците, Андреа Тринкиери по средбата не го криеше задоволството од успехот, за кој вели дека, поготово во една ваква турболентна сезона…

„Ова е историски датум за германската кошарка, за Баерн. Успеавме. Многу тешка сезона, поминавме низ многу нешта. Како тренер мене ми олесна, но моите кошаркари мораат да бидат среќни бидејќи уште од првиот ден го бркаме овој сон. Имавме многу тешки натпревари, лоши натпревари, некогаш ни фалеше и спортска среќа, но на крајот успеавме. Сега е време да уживаме. Ова е сјаен ден за Баерн и за германската кошарка. Ќе испијам базен од црно вино“, изјави по мечот Италијанецот.

Се вчитува...