Далас славеше над Хјустон со 129-114, уште еден меч на кој брилијантна игра покажа Лука Дончиќ. Словенечкиот репрезентативец два дена по неверојатниот дуел со Њујорк на кој постигна 62 поени, 21 скок и 20 асистенции, синоќа стигна до нов трипл-дабл, реализирајќи 35 поени, 12 скокови и 13 асистенции во триумфот над „ракетите“ од Хјустон. Далас настапи без повредените Грин, Фини – Смит, Клебер и Булок, што беше само причина повеќе за Дончиќ целосно да ја преземе одговорноста и да го трасира патот до нова победа.
Бостон се зацврсти на првото место во Источната конференција по победата од 116-110 над Лос Анџелес клиперс. Домаќините на три минути до крајот имаа водство од 112-102, гостите се вратија со серија од 8-1, но кога беше најважно одбраната на Бостон го доби мечот, најпрвин Вајт го блокираше Џорџ, веднаш потоа Хорфорд му подели „банана“ на Морис, за конечен триумф. Тејтум и Браун со по 29 поени беа најефикасни во победничкиот состав, додека Ленард беше прв стрелец на клиперси со 26 поени.
Рендл реализираше 41 поен за Њујорк на гостувањето против Сан Антонио, но и тоа беше недоволно да се избегне пораз (122-115).
Резултати НБА:
Шарлот – Оклахома 121-113, Индијана – Кливленд 135-126, Бостон – ЛА Клиперс 116-110, Торонто – Мемфис 106-119, Сан Антонио – Њујорк 122-115, Далас – Хјустон 129-114.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА