„Трипл-дабл“ учиноците на Јокиќ и Дончиќ недоволни за победа на Денвер и Далас

Српскиот интернационалец во редовите на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл учинок во поразот на својот тим на гостувањето кај Сакраменто со 123-117. Центарот средбата ја заврши со 36 поени, 13 скокови и 14 асистении. А, на спротивната страна блесна Фокс со 26 поени и 16 асистенции.

Трипл-дабл учиник проследен со 36 поени, 15 скокови и 18 асистенции забележа и Лука Дончиќ, но и неговиот Далас загуби на домашен терен од страна на Оклахома со 120-126 во натпревар во кој гостите ги предводеше Вилијамс со 23 поени и по 5 скокови и асистенции.

Пол Џорџ беше херојот на Лос Анџелес Клиперс за победа од 113-112 на домашен терен против Голден Стејт Вориорс. Гостите на отварањето на третата четвртина имаа предност од 22 поени, но домаќините успеаја да се вратат во средбата и преку својот најдобар кошаркар кој погоди за три поени на седум секунди пред крајот да стигнат до првото водство на натпреварот.

Во останатите натпревари:

Шарлот – Минесота 117-123
Бруклин – Орландо 129-101
Детроит – Кливленд 101-110
Чикаго – Њу Орлеанс 124-118
Мајами – Индијана 129-144
Милвоки – Атланта 123-121
Феникс – Мемфис 116-109
Јута – Портланд 118-113
Лос Анџелес Лејкерс – Хјустон 107-97

Се вчитува...