Триумфи за Шкендија и за Вардар, Победа ја освои Струмица

Шкендија цврсто го држи врвот со нов триумф над Работнички (2-1), Вардар очекувано го совлада Скопје со 3-0, а Академија Пандев доживеа пораз (0-1) дома од Победа. Пелистер победи по подолго време, а Силекс го освои Чаир.

Работнички прв поведе во Тетово, со голот на Чарлс Гофри во 35.минута. Остоја Стјепановиќ одлично го проигра, Нигериецот излезе сам пред голманот и рутински ја погоди мрежата на Захов.

Шкендија тргна поофанзивно и израмни пет минути подоцна. Хасани од слободен удар ја погоди гредата, одбиената топка Емини ја испрати во дирекот, а третиот обид на Марјан Радески заврши на вистинското место.

hasani penal 3

Во вториот дел, Шкендија имаше шанси преку Радески, Ибраими и Хасани, но Даниел Божиновски беше одличен. Сепак, водството стигна од пенал во 82.минута. Нехар Садики го собори Ибраими, заработи втор жолт картон, а Ферхан Хасани го реализираше пеналот за нов триумф на лидерот.

Vanja Markovic so Skopje

Вардар стигна до очекувана победа против Скопје. „Црвено-црните“ се мачеа на стартот, не беа прецизни, а „бункерот“ го разби Фелипе во 44.минута со одличен удар од 20 метри. Во вториот дел, Максим Максимов зголеми на 2-0 во 66.минута, а Џамбул Џигаури го постигна третиот гол во завршницата од натпреварот.

Пелистер ја прекина непријатната серија и ја совлада Ренова со 2-1 под „Тумбе кафе“. Лукас Кардосо во 35.минута донесе предност за битолскиот прволигаш, а Иве Трифуновски од пенал во 48.минута го удвои водството. Ренова постигна почесен погодок преку Валмир Нафиу, исто така од пенал во 80.минута.

Akademija Pandev - Pobeda 7

Победа ја освои Струмица. Академија Пандев доживеа пораз на „Младост“ со 0-1, а единствениот погодок на мечот беше дело на Мирослав Станиќ во 45.минута од натпреварот.

skupi sileks- 05.11 (6)

Три бода на гости освои и Силекс, со триумф од 0-1 на Чаир против Шкупи. Во 13.минута, Бесарт Кривањева си постигна автогол, и тоа беше пресуден момент на овој натпревар.

ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – СКОПЈЕ 3-0

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-1

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА 2-1

ШКУПИ – СИЛЕКС 0-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА 0-1

Табела: Шкендија 34, Вардар 23 (-2), Силекс 22, Академија Пандев 21 (-1), Ренова 17, Работнички 16, Пелистер 15, Победа 15, Шкупи 15, Скопје 9.

Се вчитува...