Троен трансфер би го одвел Вестбрук кај Кари

Три недели не’ делат од почетокот на новата НБА сезона, при што дел од франшизите се уште го формираат најдобриот можен тим за напад на титулата. Еден од овие тимови е Голден Стејт, кој по новата повреда на Клеј Томпсон бара ново решние кое би му помогнало во своите цели.

Едно име кое се споменува како нов соиграч на Стеф Кари е Расел Вестбрук. Бекот е незадолвен во тимот на Хјустон, а и клубот бара решение за негова преслеба. Тимот од Тексас цели кон нова реконструкција на тимот, а на крајот и играчот и тимот би можеле да го добијат посакуваното.

Американските медиуми шекулираат за троен трансфер кој покрај Вориорс и Рокетс ги вклучува и Пистонс. Доколку истиот се оствари, Расел Вестбрук би завршил во Голден Стејт, Ендру Вигинс и Кевон Луни би се преселиле во редовите на Пистонс, а Хјустон би го добил Блејк Грифин.

„Тројна добивка“. Супер-ѕвездата од редовите на Рокетс ќе добие нова шанса за освојување на „прстен“ и Вориорс играч за напад на титулата, Пистонс ќе добијат млади играчи кои ќе помогнат во реконстуирање на составот, додека Хјустон ќе го добие посакуваниот играч за борба под обрачите.

Се вчитува...