Тројца фудбалери на Алавес позитивни на коронавирусот

Бројот на заболени од коронавирусот во Ла Лига се зголемува. Тројца фудбалери на Алавес се најновите спортисти во Шпанија позитивни на Covid-19. Во текот на вчерашиот ден, тестирани се фудбалерите на Алавес и кошаркарите на Басконија, а три позитивни теста им припаѓаат на фудбалери на Алавес. Нивните имиња засега не се откриваат.

Претходно, Валенсија објави дека дури 35% од тимот и од стручниот штаб се заразија со коронавирус по гостувањето во Милано и дуелот со Аталанта, а заболени има и во редовите на Еспањол.

 

Се вчитува...