Тројца играчи побарале да си заминат од Тотенхем

Тотенхем потроши богатство летово, тимот стартуваше катастрофално и за првпат од формирањето на Премиер-лигата на „спарси“ им се случува да претрпат порази во првите две кола, притоа не постигнувајќи ниту еден погодок.

На новите засилувања очигледно ќе им треба време за адаптација, но дел од играчите од ланскиот ростер незадоволни од малата минутажа кај Де Зерби веќе побарале трансфер. Тоа по вчерашниот пораз од Њукасл го потврди и италијанскиот стратег на клупата на лондонскиот клуб.

„Ришарлисон веќе неколку пати ми кажа дека сака да си замине. Дансо исто така ми влезе во канцеларија пред два дена и ми најави дека сака трансфер. Истото се однесува и на Сар“, истакна Де Зерби.

Италијанските медиуми најавуваат дека Сар ќе биде најново засилување за средниот ред на Јувентус, Ришарлисон е во завршни преговори за камбек во Евертон, а останува да се види каде ќе заврши дефанзивецот Дансо.

Се вчитува...