Тројца Македонци истрчаа ултрамаратон околу Мон Блан

Македонците Жикица Ивановски, Игор Пирковски и Игор Јовановски направија голем спортски подвиг, успевајќи да го комплетираат настапот на ултрамаратонот околу Мон Блан. Оваа неверојатно тешка трка со должина од 171 километри, не успеаја да ја завршат уште двајца македонски натпреварувачи, Александар Симјаноски и Никола Цицоски.

Трката „Ултра Треил ду Мон Блан“ стартуваше во петокот, се трчаше повеќе од 30 часа по тешки временски услови со оглед на висинската разлика на одредени делови од Мон Блан, а учество земаа околу 2.400 натпреварувачи од целиот свет.  Ивановски, Пирковски и Јовановски влегоа заедно на целта со македонско знаме, а на крајот се пласираа од 357. до 359.позиција.

Се вчитува...