Тројца фудбалери на шпанскиот прволигаш Бетис имале позитивен тест на коронавирус на задолжителните тестирањата, тврди Кадена Сер. Имињата на фудбалерите не се откриваат во јавноста, а клубот досега не ја потврди оваа информација. Наводно се работи за фудбалери чиј тест покажа присуство на антитела на Covid-19 и е доказ дека веќе ја имаат надминато болеста.
Фудбалерите се асимптоматични, но не добиле дозвола да се појават на денешниот прв тренинг во базата „Сиудад депортива Луис дел Сол“. Тие ќе мораат во двонеделен задолжителен карантин.
Досега има тројца фудбалери позитивни на коронавирусот во Ла Лига, Лоди од Атлетико Мадрид, Ремиро од Реал Сосиедад и Јангел Херера од Гранада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА