Трпушевски преживеа само еден викенд: Хорват, нов комесар во МКФ

Во Македонската Кошаркарска Федерација очигледно не може да се фунционира без потреси, па така почетокот на новата седмица донесе и нов Комесар за натпреварување во куќата на кошарката.

Веднаш по Купот на Македонија долгогодишниот комесар Владо Цветковски си поднесе оставка, а за негов наследник беше именуван Горан Трпушевски. Очекувањата беа дека Трпушевски ќе остане најмалку до крајот на сезонава, но тој „преживеа“ само едно коло, откако експресно беше сменет.

Комисијата за Итност при МКФ го разрешила Трпушевски од должноста, а за нов Комесар за натпреварување е именуван Среќко Хорват, долгогодишен судија и делегат.

Се вчитува...