Ц. Звезда со +30 ја победи Мега Баскет во првиот полуфинален меч од АБА лигата

Кошаркарите на Црвена Звезда рутински стигнаа до убедлива победа од 103-73 против Мега Баскет во првиот натпревар од полуфиналната серија во АБА лигата.

Мега беше во серија од осум едноподруго победи, но сега не можеше ништо против расположените „црвено-бели“ кои и во комбиниран состав лесно се справија со противникот.

Гиедраитис и Недовиќ со по 13 поени беа најефикасни кај Црвена Звезда, а Џуришиќ со 26 поени беше најдобриот поединец кај Мега Баскет.

Се вчитува...