ЦАС: Манчестер Сити „отворено“ не ја почитува УЕФА, но не го прекршил ФФП

Манчестер Сити покажал отворено непочитување кон УЕФА, но не ја прекршил регулативата на Финасискиот фер плеј проценува Арбитражниот суд за спорт. Пред извесно време ЦАС донесе одлука со која беше укината двегодишната суспензија изречена од УЕФА за Сити која подразбираше забрана за учество во европските натпреварувања.

Едно од клучнитео бвинувања на УЕФА кон Сити беше одбивањето соработка за што клубот доби и дополнителна казна. Сепак во писментот објаснување на одликата ЦАС смета дека недоволната соработка не може да биде пресудна и оти товарот на докажување бил на УЕФА која спред судот не успеала да го исполни овој критериум.

Манчестер Сити тврдеше дека не направил никаков прекршок и оти соработувал со УЕФА колку што било потребно. Според клубот било одговорено на барањата на УЕФА кои биле разумни, Сити толкува дека вооппто и не мора да се излезе во пресрет буквално на се што ќе побара европската аосцијација во ваков случај.

УЕФА ја почна истрагата за Манчестер Сити по „свиркачките“ сознанија и објави на германскиот „Der Spiegel“ кој објави документи според кои клубот ја зголемувал вредноста на маркетиншките договри и со тоа ја залажувал асоцијацијата.

 

 

Се вчитува...