Цедевита се сели од Хрватска, ќе стане Цедевита Олимпија?!

Цедевита со години наназад ја разочарува својата управа не успевајќи и покрај огромните вложувања да стигне до трофејот во АБА, но дното беше допрено синоќа, откако овој тим ја загуби и титулата во Хрватска, губејќи во финалната серија од Цибона. На првиот човек на клубот, Емил Тедески, очигледно му дојде преку глава од неуспеси, па според последните информации тој е подготвен да го намали значително буџетот на клубот во Хрватска и да ги пресели своите кошаркарски инвестиции во друга држава.

Поточно, како што тврдат хрватските медиуми – Тедески е подготвен за преселба во Словенија и соединување со брендот „Олимпија“. Тој од самиот почетко на хрватската авантура сакаше фузија со Цибона, што од најразлични причини не му беше дозволувано, но според последните информации Словенците се многу „помеки“ по ова прашање. Олимпија го загуби и прволигашкиот статус во АБА, а Цедевита со ваквата „фузија“ би го отстапила своето место во АБА1 на својот нов клуб.

Хрватскиот тим на Цедевита би продолжил да постои, но со минимален буџет, во него би играле млади хрватски кошакари и воопшто не би учествувал во АБА-натпреварувањето.

Се вчитува...