Пари Сен Жермен успеа да го елиминира германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд во осминафиналето на Лигата на шампионите откако славеше во Париз со 2-0. „Светците“ немаа милост за гостите, а после победата го „тролаа“ Ерлинг Халанд со имитирање на неговиот начин на прослава на головите.
Бразилецот Нејмар ја почна „забавата“ по првиот гол што го постигна во 28.минута, а на крајот од мечот целиот тим му се придружи во тролањето на напаѓачот на Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА