Цел „Сан Мамеш“ пееше на Барса: Втора лига олееее… (Видео)

Атлетик Билбао го загуби минимално дуелот со Барселона со 0-1, но навивачите на домашниот тим имаа свое шоу на „Камп Ноу“. Тие најпрвин подготвија лажни пари за да асоцираат на најновиот скандал на каталонците за поткуп на судии, а навивачкото шоу траеше и за време на натпреварот.

Додека течеше играта низ трибините на „Сан Мамеш“ ечеше „Сегунда олеее“, асоцирајќи дека на Барселона и се заканува дури и преселба во понизок ранг на натпреварување доколку каталонскиот клуб биде прогласен за виновен за големиот скандал во кој е вмешан.

Погледнете дел од атмосферата на синоќешниот натпревар на „Сан Мамеш“…

Се вчитува...