Алвес: Не планирам да ги носам парите во гроб, едноставноста го прави животот поубав

Дани Алвес на 38 годишна возраст се врати во Барселона со цел да помогне на својот поранешен клуб во тешките моменти. Бразилецот кој од 2008 до 2016 година го носеше каталонскиот дрес овој пат игра за минималец, според препозициите на Фудбалската федерација на Шпанија.

Легендарниот Бразилец ќе заработува 150 ијади евра по серија, а вели дека во време кога фудбалскиот свет е свртен кон парите, нему никогаш не му биле од големо значење.

„Целиот фудбалски свет го интересираат само парите. Јас не сум од таков. Не сум бидејќи ги искусив и двете страни на животот. Знам како е да живееш без пари и како со нив. Милион, два или повеќе не ми значи ништо во животот. На крајот што ќе носиме со нас во гроб? Јахти, скапоцени автомобили и приватни авиони? Сигурно не. Само сеќавања и успеси. Кога ќе умрам сакам луѓето да кажат: Тој беше фудбалер кој размислуваше поинаку од другите, вели Алвес.

Се вчитува...