Цепелин за печат на мундијалската виза – Македонија пак ќе оди на СП (видео)

Традицијата на секој нов натпревар да се изведе атрактивна акција македонските ракометари ја продолжија и денеска во Клуж, каде со „цепелин“ во самиот финиш беше ставен печат на визата за нов мундијал за нашиот национален тим.

Гоце Георгиевски, кој одигра одлично во второто полувреме, овојпат беше во улога на асистент, проигрувајќи го Филип Лазаров, кој силно и прецизно биеше во мрежата на домаќините, за славје и еуфорија меѓу стотината македонски фанови во салата во Клуж.

Се вчитува...